Дурмиши со поддршка до граѓаните за бојкотот: Тоа е нивно граѓанско право

На својот фејсбук профил, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во објава вели „ги поддржуваме граѓаните во нивниот бојкот“.

„Министерството за економија и труд, иако не е поврзана со организацијата на иницијативите за бојкот на маркетите, ги поддржуваме граѓаните во нивниот бојкот. Тоа е нивно граѓанско право и граѓаните односно потрошувачите имаат право сами да одлучуваат како и каде ги трошат своите пари.

Ги поддржуваме граѓаните во бојкотот пред се на маркетите кои изминативе години енормно ги зголемуваат цените на производите без никаква економска логика. Ние како министерство за економија и труд носевме мерки за заштита на стандардот на граѓаните со замрзнување на маржата на основните прехранбени производи со цел да не дојде до енормно зголемување на цените каде што нема основа за истото и во таа насока ги поздравуваме ваквите иницијативи и граѓани со вакви активности.

Изминативе години претходната влада ги толерирала трговците, кои за дополнителен профит преку нереалните зголемувања на цените дополнително се богателе на грбот на граѓаните. Ова однесување мора да запре.

Државниот пазарен инспекторат е на терен, ги контролира цените на производите и доколку има неоправдан енормен раст на цените и нарушување на пазарната логика, ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме и ќе донесеме одлуки и мерки со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните“, се вели во објавата на Дурмиши.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното