Македонија

Два дена пред рокот новата телевизија ВИСТЕЛ започна експериментално да емитува

Два дена пред рокот новата телевизија ВИСТЕЛ започна експериментално да емитува

Од попладнево сигналот на новата телевизија ВИСТЕЛ, чиј сопственик е Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар кој вели дека ги користи своите права како обичен граѓанин под името Петар Каревски, започна да емитува експериментална програма.

Сигналот е достапен на 32-от канал на Интернет телевизијата Макс ТВ со експериментална програма во регионот Д1 Скопје, Сопиште, Арачиново, Зелениково, Чучер Сандево, Илинден, Петровец и Студеничани со опфат од 627.000 гледачи.

Согласно доделената лиценца од АВМУ како краен рок за експериментална програма е 1-ви мај.

Мотото на телевизијата е “Вистинска Телевизија”.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни