Француски земјоделец поднесе тужба откако му беа украдени два милиони ореви, претрпе нето загуба помеѓу 6.000 и 8.000 евра, објавија денес француските медиуми.
Минатата недела од неговата фарма во Ла Рош-де-Глин беа украдени помеѓу три и четири тони ореви, објави парискиот весник „Фигаро“.
Земјоделецот Паскал Герби ја забележал кражбата додека бил во посета на парцела од два хектари, која е оддалечена околу три километри од неговиот имот.