Двајца прилепчани и еден битолчанец приведени – управувале возило без возачка дозвола!

На 26.02.2026 во 18:10 часот на патот Прилеп-Ресен, кај место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода  Н.М.(20) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Дојранска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Р., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.02.2026 во 13:30 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ѓ.(18) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.