Двајца припадници на Националната гарда застрелани во центарот на Вашингтон

Пукањето се случило во прометен дел на Вашингтон, во близина на крстосницата на 17-та улица и „I Street NW“, само неколку блокови од Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп денеска не е во Вашингтон – тој престојува во својот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Според најновите информации, полицијата ја обезбедила локацијата и еден осомничен е приведен, соопшти Метрополитен-полицијата на Вашингтон преку мрежата X.

Американската секретарка за домашна безбедност, Кристи Ноем, објави дека се застрелани двајца припадници на Националната гарда. „Ве молам придружете ми се во молитва за двајцата гардисти кои штотуку беа застрелани во Вашингтон“, напиша таа на X.

Од противпожарната и итната медицинска служба на Вашингтон за BBC потврдија дека тројца повредени се пренесени во болница, но засега нема информации за нивната состојба.

Полицијата и екипите за итна помош веднаш одговориле на местото на настанот, поставувајќи кордони и блокирајќи дел од улиците. Претставник на Joint Task Force DC изјави дека се реагира на инцидентот, но дека во моментов не се објавуваат дополнителни детали.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, соопшти дека администрацијата е „запознаена и активно ја следи трагичната ситуација“. Таа додаде дека претседателот е информиран за случувањата.