Двајца возачи уапсени во Кичево поради возење под дејство на алкохол

На 26.04.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Х.Б.(32) од кичевското село Подвис.

При сообраќајна контрола извршена на улица „Методија Стефаноски“ во Кичево, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека Х.Б. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.

Претходно, во 01.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Г.Ј.(28) од Кичево, кој, при сообраќајна контрола на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, бил затекнат при управување моторно возило „бмв“ со 1,65 промили алкохол во крвта.

Двајцата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297 А од Кривичниот законик  – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното