Расте бројот на загинати во поплавите и одроните од кал во Венецуела предизвикани од поројните дождови. Според последните податоци, загинале 36 лица, меѓу кои и две деца.
1.000 спасувачи трагаат по преживеани среде тони густа кал што затрупа село 50 километри југозападно од главниот град Каракас. Најмалку 56 лица се водат како исчезнати, а областа останува без струја.
Властите прогласија тридневна национална жалост, а претседателот Николас Мадуро пристигна на местото на настанот.
Поплавите предизвикаа излевање на реката Ел Пато од нејзиниот канал. За само еден ден падна дожд од еден месец.