Македонија

Две лица од гостиварско уапсени за организирање борби на кучиња

Две лица од гостиварско уапсени за организирање борби на кучиња

Две лица од гостиварскиот регион се лишени од слобода поради сомнение дека организирале борби на кучиња, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар на 29 јули во 01:30 часот ги привеле Г.Ј. (44) од село Топлица и А.А. (46) од село Чегране поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

Претходно, околу 23:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате на влезот во село Топлица затекнале група лица и кучиња со видливи повреди и траги од крварење, за кои се сомнева дека биле последица од борба.

Според пријавеното, лицата претходно се договориле за организирање борби со кучиња. При извршениот увид на местото, било пронајдено едно повредено куче во патничко возило „фиат“.

Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни