Посни шпагети со печурки
- 500 гр тестенини
- 500 гр печурки
- 100 гр грашок
- 2 чешниња лук
- 1 кромид
- 1 шолја бело вино
- 1 лажица брашно
- 2 лажици растителен маргарин
- 1/2 чаша масло
- сол
На врело масло пропржете ситно сечкан лук и кромид, а потоа додадете ги излупените и исечканите печурки и ситно сечканиот лист магдонос. Пржете додека не испари целата течност од зеленчукот. Додадете вино и брашно измешано со две лажици вода.
Подготовка: На крај додадете го сечканиот (или замрзнатиот) грашок и варете на средна температура уште половина час. Во меѓувреме сварете ги шпагетите во солена вода, исцедете ги, ставете ги во сад, па прелијте ги со растопениот маргарин и сосот од печурки и грашок.
Посни тестенини со спанаќ
Состојки:
- 1/2 кг тестенини
- 1 кг спанаќ
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 лажица лист целер
- 1 стебленце целер ситно сечкан
- 1/2 чаша масло
- бибер, сол
Подготовка:
Спанаќот сварете го, исцедете го и ситно исечкајте го. На масло пропржете ги ситно сечканиот кромид, целерот и морковот или варете ги во вода додека да омекнат. Додадете спанаќ, сол, бибер и оставете го зеленчукот да се крчка.
Сварете ги макароните во солена вода, исцедете ги и измешајте ги со зеленчукот.
