Македонија

Две убиства, две одлуки: Зошто за Фросина има притвор, а за Југослав само куќен?

Две убиства, две одлуки: Зошто за Фросина има притвор, а за Југослав само куќен?

Два слични трагични настани, две различни судски одлуки – јавноста е збунета и револтирана од различниот пристап на институциите по смртта на Фросина и Југослав.

Фросина беше прегазена на пешачки премин, Југослав на пешачка патека – и двајцата, верувајќи дека се безбедни. За нивните смртни случаи, одговорни се двајца млади со криминално минато: Васил, кој возел без дозвола и веќе бил осудуван за дилерство, и Фатон, кој управувал нерегистриран мотор, имал историја на насилство врз малолетник и уште неколку прекршоци.

Она што најмногу ја бранува јавноста се деталите од постапувањето: Васил, откако ја прегази Фросина, остана на местото и веднаш стана свесен за стореното, додека Фатон, по убиството на Југослав, избега, се криел два дена, а потоа самиот се пријавил во полиција. Во меѓувреме, сведоците и соседите велат дека никој не ги контактирал, како истрагата да не се ни водела активно.

Реакциите се особено остри поради фактот што Васил веднаш доби ефективен притвор, а Фатон само куќен притвор – иако не застанал, не укажал помош и бил познат на органите на прогонот. Останува нејасно како се донесени овие различни решенија, со оглед на сериозноста на делата.

„Не е важно кој како се вика, не смее да има различни аршини. Ова не е само прашање на правда, туку на вредностите на општеството“, велат граѓани. Дел од нив прашуваат дали жртвата Југослав, како постар граѓанин, добива помалку тежина во очите на институциите, што дополнително го продлабочува чувството на неправда.

Останува отворено прашањето: Каде е логиката, и кој ќе понесе одговорност за различните аршини на правдата?

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни