Македонија

Две возила изгореа утрово во Гевгелија

Две возила изгореа утрово во Гевгелија

Утрово во Гевгелија избувна пожар кој го зафати паркингот на една од градските улици, при што целосно изгореа две паркирани возила. Полицијата започна истрага за причините што довеле до инцидентот.

Пожарот бил пријавен околу 03:50 часот на улицата 7 Ноември. Огнот го зафатил патничкото возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на лице од селото Ѓавато, како и автомобил „хјундаи“ со чешки национални ознаки, кој припаѓал на државјанин на Чешка.

На среќа, во инцидентот нема повредени лица. Екипа на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија интервенирала на лице место и го изгаснала огнот, по што бил извршен увид.

Надлежните служби продолжуваат со утврдување на причините за пожарот и преземање на сите потребни мерки.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни