Македонија

Две жени од Тетово пријавиле во полиција дека биле физички нападнати

Две жени од Тетово пријавиле во полиција дека биле физички нападнати

Вчера (10 ноември) во 15 часот и 50 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот С.Л. од тетовско село, кој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 36-годишна невенчана сопруга дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Четириесет и едногодишна жителка на тетовско село вчера (10 ноември) во 11 часот во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 22 часот во угостителски објект во Тетово, во кој таа работела, физички била нападната од 47-годишниот Џ.Б. од Порој, со кого подолго време била во љубовна врска. Се расчистува и документира случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни