Две жртви во сообраќајната несреќа на патот Охрид-Ботун

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Охрид-Ботун, при што едно возило излетало од патот и завршило во реката.

Неофицијално загинати се две лица.

Надлежните служби се на терен и вршат увид, а спасувачките екипи работат на извлекување на возилото од водата. Причините за несреќата сè уште не се познати.