Македонија

Две жртви за два дена на патот Штип-Кочани – кои се причините?

Две жртви за два дена на патот Штип-Кочани – кои се причините?

Трагично заврши старата, трагично почна новата 2023 година. На новогодишната ноќ на патниот правец Штип-Кочани момче прегази двајца другари, од кои едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Застанале на магистралниот пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“.

НОВА ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ ШТИП-КОЧАНИ Едно лице загина, автобус се судри со кола

Нова трагедија вчера вечерта се случи на експресниот пат Штип-Кочани. Од засега непознати причини автомобилот марка „Опел Аста“ се забил во автобус, при што загина совозачот од автомобилот со пробиштипски регистарски ознаки.

Кои се причините?

Неприлагодена брзина во однос на условите на патот и возење под дејство на алкохол се првичните неофицијални причини и за двете сообраќајни несреќи. Патните експерти предупредуваат дека треба да се возни внимаетелно посебно овие денови кога има густа магла и е намелена видливоста дури на 50 метири.

Да не се користи мобилен телефон за време на управување на возилото и да не се пие алкохол доколку се планира да се седне зад воланот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни