Двегодишно дете во Русија проголтало 18 магнети: Лекарите не можеле да го спасат!

Во рускиот град Губкински, во автономниот округ Јамалсконенет, двегодишно дете починало откако проголтало 18 мали магнети, објави info24. ru. Родителите тоа го забележале дури по извесно време и веднаш отишле во болница, пренесува Telegram каналот Real Nojabrsk.

„Трагедијата се случила во селото Пурпе. Двегодишниот Матвеј проголтал 18 мали магнети кои ги нашол додека си играл. Родителите веднаш повикале брза помош, но детето починало три часа подоцна“, се наведува во соопштението.

Според лекарите, детето било во многу тешка состојба. Лекарите успеале да го дијагностицираат проблемот и се обиделе да го реанимираат, но не успеале да го спасат момчето. Извори на URA. RU наведуваат дека локалните судски власти во моментов ги истражуваат околностите на овој случај. Засега нема други детали за инцидентот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното