Алија Балијагиќ, бегалецот кој е осомничен дека извршил двојно убиство во црногорското село Соколац и кој веќе 13 дена успева да им побегне на властите, е лоциран во селото Орашац кај Бродарево во Србија.
„Жандармеријата пристигна на терен и го чешла теренот, во акцијата се вклучени и дронови и кучиња трагачи. Се стега прстенот околу бегалецот“, вели извор од сцената за Рина.
Претходните денови мештаните пријавиле дека го виделе во Бродарево и Пријеполските села Ивезиќи и Брајковац, пишува Нова.рс. Бидејќи бегалецот осомничен за убиство се смета за опасен, училиштата во селата околу Бродарево се затворени.
Поради потенцијална опасност од бегалец осомничен за убиство, затворени се училиштата во селата околу Бродарево.
По Алија Балијагиќ трагаат и српската и црногорската полиција, а Хрватска пред два дена испрати полицајци со кучиња трагачи.
