Министерството за внатрешни работи ги известува сите заинтересирани активни полициски службеници дека од денеска е официјално отворен интерен конкурс за пополнување на нови работни места во Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
Од единицата напоменуваат дека овој конкурс е од затворен карактер и е наменет исклучиво за веќе ангажирани и активни полициски службеници кои сакаат да ја продолжат својата кариера во една од најелитните полициски структури во земјава.
- Услов: Само за активни полициски службеници
- Информации и аплицирање: Сите заинтересирани за деталите околу условите за пријавување, физичките и психолошките проверки можат да се обратат на телефонскиот број 070 351 683.
„Биди дел од тимот. Покажи професионалност, посветеност и подготвеност за предизвик“, порачуваат од ЕБР, упатувајќи повик до сите амбициозни припадници на полицијата да се пријават и да станат дел од нејзиниот ударни тимови.