Ед Ширан ги изведува сите настапи и интервјуа од дома

Популарниот британски пејач Ед Ширан е заразен со коронавирус, поради што продолжи да се дружи со обожавателите преку виртуелни платформи.

Ширан и се обрати на јавноста со објава на Инстаграм, извинувајќи се што мораше да ги откаже настапите во живо.

„За жал, позитивен сум на коронавирус и моментално сум во самоизолација. Сите мои интервјуа и настапи ќе ги правам од дома“, напиша пејачoт.

Покрај редовните настапи, Ширан беше принуден да го пропушти гостувањето во Saturday Night Live (SNL). Засега не се знае дали целосно ќе го откаже или ќе си ја врши работата од дома.