Еден војник е убиен, а уште еден ранет денеска по истрели во касарната на аеродромот во австрискиот град Винер Нојштад, на околу 50 километри јужно од Виена, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана, јави БТА.
Во касарната на аеродромот во Винер Нојштад, еден чувар е убиен, а друг ранет во престрелка непосредно пред 7 часот утринава, објави портпаролот Михаел Бауер на Твитер.
Австриската новинска агенција АПА објави дека војникот отворил оган за време на расправија, а потоа бил застрелан од офицер.
Австрискиот весник Кури објави, цитирајќи претставник на вооружените сили, дека причината за инцидентот се чини дека е спор. Според првичните податоци, војник кој бил на стража испукал неколку истрели и го ранил дежурниот офицер. Како одговор, високиот воен офицер отвори оган и го уби војникот, пренесе ТАСС.