Македонија

Една личност вработена на две позиции во Влада: И ќе планира, и ќе се занимава со човечки ресурси

Една личност вработена на две позиции во Влада: И ќе планира, и ќе се занимава со човечки ресурси

Некои луѓе едноставно имаат повеќе среќа од другите. Некои не можат да најдат работа, а други, пак се вработени на две позиции во иста државна институција и тоа ни помалку ни повеќе, туку во Генералниот секретаријат на Владата, пишува Фактор.

Таков е примерот со извесна Марија Стојановска, која на исти датум, односно на 1 декември 2022 година, е примена на две различни работни места во иста установа, односно Генералниот секретаријат на Владата.

Во первиот случај станува збор за местото Помошник на раководител на Секторот за стратегија, планирање и следење, додека, пак, вториот пат на местото помошник раководител на Секторот за човечки ресурси.

Не е наведено колкава плата ќе зема новата вработена во владиниот Генеррален секретаријат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни