Македонија

Една минута молк: На барање на одбраната на „Рубикон“, судењето запре за да им се оддаде почит на жртвите

Една минута молк: На барање на одбраната на „Рубикон“, судењето запре за да им се оддаде почит на жртвите

Во екот на правните аргументи и префрлањето на вината, во судницата во Идризово настапи момент на тишина.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Јане Јанчевски (управител на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“), побара од судијката да се направи отстапка од протоколот.

„Барам со една минута молк да им оддадеме почит на загинатите,“ рече Страшевски.

Судијката Дијана Груевска Илиевска го прифати предлогот, по што сите присутни – обвинетите, адвокатите, обвинителите и семејствата на жртвите – станаа и во тишина им оддадоа почит на 63-те загинати лица.

Овој потег доаѓа откако претходно одбраната на „Рубикон“ тврдеше дека нивните вработени не се виновни за пропуштањето на пиротехниката, туку дека, напротив, дел од нив ризикувале животи за да спасуваат луѓе од пожарот.

ЗА ШТО СЕ ТОВАРИ ЈАНЕ ЈАНЧЕВСКИ?

(Според Обвинителниот акт КО бр. 180/2025)

Јане Јанчевски (46), како управител на „Рубикон Секјурити Солушнс“, се товари за „Тешки дела против општата сигурност“.

Обвинителството го товари дека:

  • Ангажирал обезбедување без да има склучено писмен договор со дискотеката.
  • Ангажирал лица без лиценца (како обвинетиот Ивица Грозданов).
  • Не направил безбедносна проценка и план за евакуација.
  • Неговите вработени не извршиле детален претрес, со што овозможиле внесување на пиротехниката и влез на малолетни лица .
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни