Свет

Една од најголемите нискобуџетни авиокомпании пред банкрот: „Патниците се во паника“

Една од најголемите нискобуџетни авиокомпании пред банкрот: „Патниците се во паника“

Спирит Аирленс, водечки американски нискобуџетен авиопревозник и еден од најголемите во светот, се подготвува да поднесе барање за банкрот откако пропаднаа преговорите за спојување со Фронтиер Аирленс – што предизвика страв кај патниците од масовно откажување на летови.

По објавувањето на вестите за неуспешното спојување, цената на акциите на авиокомпанијата падна за 45 отсто за само неколку секунди – бришејќи стотици милиони пазарна вредност.

Авиокомпанијата со седиште во Флорида, која опслужува низ САД, Карибите, Мексико и Централна и Јужна Америка, е во финални разговори со сопствениците на обврзници за план за реструктуирање за да обезбеди поддршка од клучните доверители, објави Волстрит журнал. Тие должат повеќе од три милијарди долари.

Спирит се очекува да поднесе барање за стечај според т.н Поглавје 11, што е форма на банкрот што му овозможува да продолжи да работи додека се обидува да ги намали своите долгови.

Веќе оваа година, компанијата ги намали проекциите за раст, отпушти персонал и потпиша план за продажба на 23 авиони.

Банкрот може да значи дополнително намалување на персоналот и на рутите. Минатиот месец Спирит рече дека ќе отпушти околу 330 пилоти на 31 јануари како дел од напорите за намалување на трошоците и зајакнување на финансиите.

Доколку напорите за намалување на трошоците не успеат, авиокомпанијата би можела да се соочи со можност за целосно исклучување, пренесува Јутарњи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни