Во сообраќајната несреќа попладнево на раскрсницата кај „Веро“ во скопската населба Аеродром едно лице е повредено.
Од МВР информираа дека во моментот се врши увид на местото на незгодата.
– На 15.04.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа на бул. „Јане Сандански” во Скопје, во која учествувале патничко возило „киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (41) од Скопје и патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т. (32) од Скопје. В.Ш. е пренесна во ГОБ „Св. Наум Охридски” за укажување помош, велат од МВР.
Повреденото лице е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и според првичните информации не е во животна опасност.