Едноставен рецепт за домашен сладолед

Направете си домашен сладолед и освежете се!

Еве еден едноставен рецепт:

Состојки:

  • 2 чаши крем (450 мл.) за шлаг
  • 400 мл ладно кондензирано млеко
  • лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Засладеното млеко се става во фрижидер да се излади. Потоа се мати шлагот, со средна брзина, за да се формираат меки врвови. Исклучете го миксерот и истурете го млекото во шлагот. Зголемете ја брзината и мешајте додека смесата не стане густа и со крути врвови.

Исклучете го миксерот и рачно замешајте го екстрактот од ванила.

Префрлете ја смесата во херметички сад и замрзнете ја, најмалку 6 часа (или една ноќ), пред јадење. Тоа може да се чува во замрзнувач до шест недели.