Едноставна навика што може да согори до 1.400 калории неделно

Звучи премногу едноставно за да биде ефикасно, но пешачењето сè уште е една од најпотценетите активности кога станува збор за губење килограми. Не бара никаква опрема, може да се практикува било каде и било кога, а ако се комбинира со неколку паметни трикови – резултатите нема да изостанат.

„Пешачењето е одлична физичка активност бидејќи речиси секој може да го практикува, без посебни услови“, вели Грејсон Викам, физиотерапевт и тренер од платформата Movement Vault. Освен што е лесно за зглобовите, не бара голем напор ниту опоравување, па затоа е идеално за почетници, постари лица или оние кои се враќаат на вежбање по подолга пауза.

Колку треба да пешачиме за да ослабеме?

Можеби сте слушнале за фамозните 10.000 чекори дневно, но експертите велат дека таа бројка не е светиња. Вашата цел зависи од вашата кондиција, здравствена состојба и животен стил.

„За почеток, 30 минути пешачење дневно се доволни за да согорите од 100 до 200 калории“, вели Сузан Пата од NASM, една од најреномираните тренерски институции. Недељно, тоа може да биде и до 1400 калории – што може конкретно да влијае на намалување на тежината, особено ако инаку водите седечки начин на живот.

Се разбира, најдобар ефект се постигнува кога сте во калориски дефицит – односно кога трошите повеќе калории отколку што внесувате. Пешачењето е идеална основа за тоа, а за дополнителен ефект можете да примените и неколку трикови:

1. Загрејте се пред да започнете со пешачење.

Неколку лесни искораци или истегнувања ќе го намалат ризикот од болка и ќе ги подготват мускулите за активност.

2. Пешачете со ранец или елек со тегови.

Мало дополнително оптоварување значи и поголема потрошувачка на калории. Можете да користите и лесни тегови за зглобови.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.