Европската комисија (ЕК) остро ги осуди неодамнешните закани со бомби во училиштата и општинските простории.
„Запознаени сме со официјалните реакции на црногорските власти кои повикуваат на смиреност. Очекуваме заканите да бидат истражени од надлежните органи“, изјави портпаролката на ЕК, Ана Писонеро Хернандез.
Во средата, на 27 април, Министерството за образование на Црна Гора ја прекина наставата во сите училишта во Црна Гора поради заканувачки анонимни пораки за поставени бомби, кои пристигнале на е-пошта на 41 училиште. При полициската контрола не е пронајден експлозив.