Сегавеќе поранешната манекенка Халима Аден која минатата година објави дека засекогаш ја напушта модната индустрија.
Таа сега во интервју за Би-би-си разговараше и за тоа како била принудена да ги прилагодува своите верски убедувања со модата.
Аден вели дека „модната индустрија е особено загрижена за експлоатација и дека моделите многу лесно се искористуваат“, и потсети на бројни ситуации во кои што се чувствувала непријатно, па и морала да минува низ соблекувални за мажи со цел да стигне до своите.
Таа спомена и дека некогаш била на сет со модел кој исто така носел хиџаб и, дека на муслиманката многу често не ѝ била дозволена приватност во која може слободно да се пресоблече.
„Драго ми е што им дадов можност на моделите да зборуваат. Чувствував голем притисок затоа што бев првата муслиманка која носеше хиџаб на модните писти. Чувствувам одговорност кон девојките кои доаѓаат по мене“, рече Аден.
Аден посочи и дека не се чувствувала најпријатно кога требало да носи хиџаб од тексас за реклама за познатиот „Американски орел“.
Аден е сигурна во својата одлука засекогаш да го напушти модниот свет, а се надева дека она што ќе го каже јавно за овие проблеми ќе донесе промени.
