Поранешниот Реис Сулејман Реџепи вечерва е во „Клик Плус“ на ТВ21.
Реџепи образложи за една од причините поради кои решил да се повлече од функцијата поглавар на ИВЗ.
„Муса Џафери и Блерим Беџети од ДУИ како пријатели дојдоа кај мене и ме замолија да се повлечам и да дадам оставка, поради тоа што било подобро за мене лично пред парламентарните избори, за да не ме етикетираат за негативни работи“, рече Реџепи.
Реџепи поднесе оставка на 30 мај оваа година, а на негово место во моментов е Шаќир Фетаху.
.
