Екс-вработените во „Oхис“ ги бараат 24-те плати – „Ќе останеме на улица“, Анѓушев: Нема начин да им помогнеме

Стотици поранешни вработени во компанијата во стечај „Охис“ ги блокираа улиците барајќи од Владата да им биде платен придонесот и трудот кој го вложиле за компанијата, работејќи, како што велат, со разни отрови. Од Владата ги бараат нивните 24 плати и потсетуваат дека работејќи во оваа фирма, им поминала младости, додавајќи дека го бараат само она што им следува, а не милостина и заем.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вели дека Владата никако не може да им помогне, бидејќи Охис е компанија под стечај.

Демонстрантите велат дека не размислуваат да запрат со протестите, сѐ додека не ги добијат сите плати. Тврдат дека со нивниот проблем е запознаен и премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочи Анѓушев, со кого се сретнале .В петок се очекува уште една средба меѓу поранешните вработени и Анѓушев во Влада.

Извор: ТВ21