Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера рече дека „со некои паузи“, тој бил прислушуван 24 години и го набудувале користејќи различни методи. Тој прочита на ТВ Пинк делови од официјалните извештаи на БИА, со назнака „државна тајна“, наведувајќи ги имињата на судиите кои го одобриле прислушувањето, како и имињата на странските дипломати со кои биле во контакт.
Поранешни раководители на безбедносните служби за Н1 велат дека тоа е преседан и дека безбедносниот систем е очигледно урнат.
Официјалните извештаи од ресорот на државна безбедност и БИА, со ознака „државна тајна“, беа објавени во утринската програма на Пинк.
– Во 90-тите беше следена целата опозиција, Вучиќ не е исклучок, вели адвокатот Сеад Спаховиќ. Што се однесува до прислушувањето на дипломатите, тој смета дека станува збор за т.н. статуска обработка.
– Статусна обработка значи дека функцијата што ја има таа личност бара да биде под надзор. И според мене, тоа се странски дипломати. И ако некој смета дека е толку важно за десет луѓе да вршат обработка за да видат што прави, тоа е сега друго прашање зошто е тоа така … Мислам дека претседателот на Републиката тогаш како опозиционер „влегувал во мерки“ кај тие луѓе, кои, од други причини, беа следени според мене“, вели Спаховиќ.
Тие се согласуваат дека ваквиот настап на претседателот на една земја е преседан, како на домашно така и меѓународно ниво.
-Информациите што содржат каква било ознака – државна тајна или строго доверливо – се чуваат на посебен начин, со специјално пропишани мерки. Значи, не се изнедуваат од одредени простории, а камоли да се носи во програма со национална фреквенција.Се прашуваме дали е симната тајноста на документот покажан каде стои ознака. Претседателот е лице кое може да симне тајност, вели Јелена Пејиќ од белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП).
Доколку претседателот не ја симне тајноста, се вели во законот – крајниот рок за тајност на документот со ознака „државна тајна“ е 30 години.
