Свет
17,272,979
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
627
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
5,494
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
150,422
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15

Експертите на ФБИ со листа: 10 филмски психопати кои се најубедливи

Еден отсто од луѓето во западното општество се потенцијални психопати, вели едно истражување на Универзитетот Оксфорд.

„Можеби изгледа и малку, но тоа е еден во сто луѓе, така што секој од нас, веројатно, познава барем еден психопат“, стои во инстражувањето.

И филмскиот свет е полн со нив, па затоа стручњаците на ФБИ се согласија да анализираат неколку познатите филмски улоги како дел од документарецот „Ноќ на психопатите“, прикажан на британскиот Канал 4.

Ова се 10-те психопати од филмовите за кои сметаат дека се најубедливи:

10. Норман Бејтс, во филмот „Психо“

Аналитичарите не го сметаат Норман за комплетен психопат, туку го ставаат на средина на скалата. Тие веруваат дека Бејтс (толкуван од глумецот Ентони Перкинс) покажува само класични симптоми на повеќекратно растројство на личноста, отколку психопатија.

9. Ханибал Лектор, „Кога јагнињата ќе стивнат“

Познавачите велат дека разговорот на детективката Кларис Старлинг (Џоди Фостер, а потоа и Џулијан Мур) со Лектор (Ентони Хопкинс) е точен приказ за разговор со еден психопат. Тоа прецизно објаснува како психопатот во разговорот ја презема моќта и контролата и, се поставува како „грабливец“ кој го гледа својот соговорник како плен.

8. Имитаторот Леон Ковалски, „Блејд ранер“

Начинот на кој се тестираат имитаторите во филмот се заснова на вистинска проверка за проценка на психопати, но начинот на утврдување на емпатијата е различен од тестовите што ги користи ФБИ. Како и во реалните истражувања, филмот се обидува да ја одреди човечката реакција на емпатија што ја имаат 99 отсто од луѓето. Ковалски не успеа на тој тест.

7. Гордон Геко, „Вол Стрит“

Во филмот, овој лик постојано истакнува дека „алчноста е добра“, така што до крајот на филмот скоро и ќе поверувате во тоа. Мајкл Даглас е одличен глумец, па неговиот начин на проповедање е речиси совршен приказ на моќта на психопатите. Тука гледаме комбинација на манипулација, грандиозна слика за себе и површен шарм што се покажува смртоносен.

6. Џејмс Бонд во изведба на Шон Конери

Ова е, можеби, едно од изненадувањата на списоков… Но, некој што му ја отсекува главата на противникот со моторна турбина и потоа се шегува за тоа сигурно не е најнормален. Иако сѐ тоа е насочено против криминалци, сепак се очекува одредено човечко сочувство, кое Бонд не го покажува.

5. Том Рипли, во филмот „Талентираниот г-н Рипли“

Многу подробности од списокот на една психопатска личност може да се опишат како девијантни – а тоа е совршен опис на г-н Рипли. Тој е доста шармантен, но зад она прибрано и педантно лице на Мет Дејмон и испегланата облека, се крие злобен ум.

4. Алекс, „Пеколен Портокал“

Адаптацијата на романот на Ентони Бурџис од страна на режисерот Стенли Кјубрик се сметаше за вознемирувачка по излегувањето, а некои дури бараа и забрана за прикажување на филмот. Психотичкото однесување на Алекс како водач на банда се манифестира преку недостаток на емпатија и постојана потреба за возбуда. Помалку реална е терапијата со која се обидуваат да го излечат.

3. Кевин, во филмот „Треба да разговараме за Кевин“

Психопатија е потешко да се докаже кај деца, но во некој облик, може да се забележи. Во делот од филмот што се однесува на младоста на Кевин, гледаме дека тој не покажува никаква блискост со другите луѓе и нема ни трошка каење, што се две клучни карактеристики на психопатите.

2. Џед, „Злоба“

Во филмов, Алек Болдвин глуми хирург со комплекс на бог, што е, повторно, една од клучните одлики на психопатите. Дрскиот и злобен доктор е совршен приказ за тоа колку лесно може да се скрие психопатот. А, Џед покажува и голем површен шарм.

1. Џокер, во филмот „Темниот витез“

Според стручњаците на ФБИ, најреално портретиран психопат во историјата на филмот е Џокер. Веќе во првата сцена на овој филм, глумецот Хит Леџер покажува еден куп одлики од списокот за проценка на психопати. Во грабежот што го врши, тој ја покажува токму таа возбуда што познавачите ја очекуваат, иако сосем непотребна за извршување на грабежот. Џокер не се плаши од ништо, не му пречи да убива луѓе и е желен за возбуда.