Свет

Експлозија урна станбен блок во Џерси, има мртви и исчезнати

Експлозија урна станбен блок во Џерси, има мртви и исчезнати

По силна експлозија во станбен блок во главниот град на англискиот остров Џерси – Сент Хелиер, едно лице загина, а 12 лица се водат како исчезнати.

Експлозијата потресе трикатница во Сент Хелиер. Блокот речиси се урнал до земја. Покрај жртвата и лицата за кои нема информации, има и две повредени кои се пренесени во болница.

Пожарот бил изгаснат од пожарникари. Потрагата по урнатините продолжува.

На прес-конференција, началникот на полицијата во Џерси, Робин Смит, изјави дека е можно повеќе жртви и дека се оштетени и некои од соседните згради.

Не се споменува причината за експлозијата.

Очевидци известија дека се почувствувало како земјотрес на островот во Ла Манш.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни