Свет

Експлозија во близина на јужноукраинската АЕЦ

Експлозија во близина на јужноукраинската АЕЦ

Украинската нуклеарна компанија ја обвини Русија за гранатирање на областа на јужноукраинската нуклеарна централа. Според Енергоатом, силна експлозија одекнала на 300 метри од реакторите.

Ударниот бран ги скрши стаклата на зградата на електраната и прекина три високонапонски водови. Нема повредени луѓе.

Трите реактори на централата работат во нормален режим.

Јужноукраинската нуклеарна централа е втора по големина во Украина по централата во Запорожје. Се наоѓа во регионот на Миколаев, 300 километри јужно од Киев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни