Експлозија во неколку автобуси во Израел: Постои сомнеж за терористички напад

Полицијата во Израел ги истражува извештаите за експлозии што погодија неколку автобуси во Бат Јам, јужно од Тел Авив.

Полицијата го опиша инцидентот како „сомнителен терористички напад“, додавајќи дека „големи полициски сили се на терен и трагаат по осомничените“.

Снимките на социјалните мрежи покажаа дека најмалку еден автобус гори на паркинг, а во воздухот се издигнува голем облак чад.

Засега нема информации за жртви, соопшти полицијата.

Властите ги повикуваат граѓаните да ги избегнуваат тие области и да внимаваат на сомнителни предмети.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното