Експлозија во Пакистан: 4 мртви

Според првичните информации, во експлозијата што се случила на Универзитетот Карачи во Пакистан, животот го загубиле 4 лица, од кои 2 се странски државјани, а многу се повредени.

Според вестите на телевизијата Гео Њуз во Пакистан, од засега неутврдена причина се случила експлозија во возило во кампусот на Универзитетот Карачи.

Според првичните информации, во експлозијата животот го загубиле 4 лица, од кои 2 се странски државјани, а има многу повредени.

Во регионот се испратени голем број пожарникари и екипи за прва помош.

Безбедносните сили ги истражуваат причините за експлозијата.