Свет

Експлозија во Пакистан, загинаа 16, повредени 20 лица

Најмалку 16 лица загинаа а 20 лица се ранети по експлозија на бомба на пазар во градот Кета, на југозападот на Пакистан.

Според информациите, бомбата била сокриена во вреќа со компири. Полицијата соопшти дека нападот бил кон шиитите.

Кета е главен град на провинцијата Балуџистан, кој порано се соочувал со сепаратистички побуни и насилништво меѓу шиитите и сунитите.

The post Експлозија во Пакистан, загинаа 16, повредени 20 лица appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни