Експлозија во трговски центар во Русија, едно лице загина

Едно лице загина во пожар што избувна во трговски центар во Владикавказ, главниот град на руската област Северна Осетија – Аланија.

Според кинеската новинска агенција Синхуа, повредени се уште девет лица.

Во информацијата објавена од градската управа на Владикавказ, се наведува дека лицето кое загинало во експлозијата е работник во трговскиот центар, пренесува Ројтерс.

Некои извештаи од локалните агенции наведуваат дека експлозијата се случила пред да се отвори трговскиот центар. Други објавија дека експлозијата можеби била предизвикана од канистер со гас во прехранбениот дел на трговскиот центар.

Инспекторите работат на утврдување на причината за експлозијата, соопшти градската управа на Владикавказ.

Според нив, во моментов од пожарот е зафатена околу 800 квадратни метри малопродажен простор, вклучувајќи го и покривот на зградата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното