Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,49% во однос на цените утврдени со претходната одлука од 22 септември 2025 година.
Референтните цени на светскиот пазар покажуваат различни промени: кај бензините бележи намалување во просек за 0,678% или 4,95 $/тон, кај дизелот намалување за 0,070% или 0,50 $/тон, додека кај екстра лесното масло има зголемување за 0,278% или 1,95 $/тон, а кај мазутот зголемување за 1,867% или 7,70 $/тон. Покрај тоа, курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е повисок за 0,517%, што влијае врз формирањето на цените.
Според новата одлука:
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), остануваат непроменети. Цените изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 69,50 ден/лит
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит и сега изнесува 69,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,644 ден/кг и сега изнесува 37,591 ден/кг.
Регулаторната комисија потенцира дека промените се направени согласно Методологијата за формирање на цените на нафтените деривати, при што се земени предвид сите релевантни елементи – референтните цени на светскиот пазар и курсот на денарот.
Читај и ова:
- 1.Опсадна состојба во Минхен! Се слушаат експлозии и истрели: Најмалку едно лице е убиено, има повредени
- 2.Месечен хороскоп за октомври 2025 година
- 3.Посебен режим на сообраќај утрово во Скопје поради одржување на протест
- 4.Халид Бешлиќ се бори за живот во Сараево
- 5.Променливо облачно со слаб северен ветер