Емоции, тага и борба за правда: Студентите ја обединија Србија

На приемот на студентот во Белград беше и мајката на младиот човек кој загина при падот на настрешницата, Дијана Хрко, која со солзи изјави дека нејзините емоции не можат да се опишат со зборови и дека студентите ја обединиле Србија.

„Не знам што да ви кажам. Ова не се опишува, емоции што не се опишуваат со зборови. Студентите ја обединија Србија и се борат за правда за сите нас“, рече таа, пренесува Н1.

Студентите кои на 15 март започнаа протест од повеќе градови во Србија, пристигнаа во Белград.

Тие беа пречекани во центарот на градот.

Утре ќе има голем протест во Белград, во студентска организација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното