Свет

EMSC ги блокира корисниците по земјотресот во БиХ: Не пишувајте политички и навредливи изјави

Се чини дека ниту земјотресот во Босна и Херцеговина не може да помине без навреди и политички изјави.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) на Твитер објави дека блокирал бројни корисници од синоќа по земјотресот во Босна и Херцеговина поради навредливи изјави, политички навреди и лажни предвидувања за земјотресот.

„Последниве неколку часа повторно блокиравме многу профили. Повторуваме: Не користете ја апликацијата за тврдења за предвидување земјотрес бидејќи такво нешто е невозможно, не пишувајте политички и навредливи коментари или ќе бидете блокирани. Ви благодариме“, напиша на Твитер.

Вечерва ги предупредија шарлатаните кои тврдат дека можат да предвидат земјотрес.

„Веројатно ќе слушнете (ако не веќе) некои луѓе како објаснуваат дека тие го предвиделе овој земјотрес. Останете подалеку од нив, тие се или шарлатани или се глупираат за дополнително да ја подигнат вознемиреноста кај населението. За жал, науката сè уште не може да предвиди земјотреси“, предупредија тие. .

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни