Свет

ЕП: Русија е државен спонзор на тероризмот

ЕП: Русија е државен спонзор на тероризмот
EU and Russia conflict. Country flags on broken wall. Illustration.

Европскиот парламент со нова резолуција ја дефинира Русија како „држава спонзор на тероризмот“. Резолуцијата беше усвоена со 494 гласа „за“.

Одлуката е поврзана со злосторствата извршени од режимот на рускиот претседател Владимир Путин врз украинското цивилно население. Европратениците нагласуваат дека намерните напади и злосторства извршени од руските сили и нивните полномошници врз цивилите во Украина, уништувањето на цивилната инфраструктура и другите сериозни прекршувања на меѓународното и хуманитарното право претставуваат акти на тероризам и воени злосторства. Резолуцијата ја дефинира Русија како „држава спонзор на тероризмот“ и „држава што користи терористички средства“.

ЕП ја повикува ЕУ да усвои соодветна легислатива и да размисли за додавање на Русија на листата на држави кои се канали на тероризам.

Тие го повикуваат Советот на ЕУ да ја додаде руската паравоена група Вагнер, 141-от специјален моторизиран полк, познат и како Кадировови, како и други вооружени групи, милиции и марионетски сили финансирани од Русија на европската антитерористичка листа.

Европратениците инсистираат на тоа дека ЕУ продолжува да ја изолира Русија на меѓународната сцена, вклучително и кога станува збор за членството на земјата во меѓународните организации како што е Советот за безбедност на ОН.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни