Ерџан Сулкоски презема контрола врз РКМ ДОО Скопје

Ерџан Сулкоски сопственик на компанијата „ПАЦИФИК ПЕТРОЛЕУМ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“, ја презеде контролата врз „РКМ ДОО Скопје“, компанија која се занимава со трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива, вклучувајќи мазут (М-1).

Преземањето, кое е спроведено уште во 2022 година, сега е предмет на разгледување од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Според известувањето објавено од Комисијата, трансакцијата би можела да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, а конечната одлука за нејзината законитост сè уште не е донесена.

Сулкоски преку својата компанија „ПАЦИФИК ПЕТРОЛЕУМ“ веќе е активен на пазарот со товарен транспорт и располага со лиценца за вршење на јавен превоз на стоки, како и одобрение за транспорт на опасни материи, меѓу кои се и Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, еуродизел БС, екстра лесно масло и течен нафтен гас (ТНГ).

Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да достават свои забелешки и мислења за концентрацијата во рок од 10 дена од денот на објавувањето на известувањето. Сите реакции можат да се испратат по пошта на адреса „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје или електронски на kzk@kzk.gov.mk.