Свет

Ердоган: Би можел да разговарам со Путин и Трамп за средба во Истанбул

Ердоган: Би можел да разговарам со Путин и Трамп за средба во Истанбул


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека во текот на оваа недела би можел да разговара со рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, за да види дали е можна нивната средба во Истанбул за да разговараат за прекинување на војната во Украина.

„Со телефонски разговор со Путин и Трамп оваа недела, ќе видиме дали можеме да ги собереме овие лидери во Истанбул, ќе се обидеме“, изјави Ердоган за новинарите, според Ројтерс.

Претставници на Русија и Украина претходно се состанаа во Истанбул на 23 јули, во третата рунда преговори меѓу двете земји за прекин на војната во Украина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни