Ердоган ја прогласи среда за ден на жалост за жртвите од катастрофалниот пожар во хотелот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи среда, 22 јануари, за ден на жалост во таа земја поради пожарот во ски-центарот Карталкаја, во кој загинаа 66 лица.

„Оние кои предизвикаа таква катастрофа, на кој било начин, и оние кои беа невнимателни и постапија погрешно, ќе одговараат пред законот“, рече Ердоган по состанокот на владата, пренесе Анадолија.

Тој додаде дека во првата фаза се приведени четири лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот во кој се случила катастрофата.

Ердоган изрази сочувство до семејствата и роднините на загинатите, а на 51 повреден им посака брзо закрепнување, од кои рече дека едно лице е на интензивна нега, а 17 се пуштени на домашно лекување.

Тој рече дека во гаснењето на пожарот учествувале 156 противпожарни возила и 428 лица од различни институции.

Ердоган изјави дека се започнати административни и судски истраги за да се утврди причината за пожарот и кој е одговорен за катастрофата.

Тој додаде дека инцидентот детално го истражувале шест јавни обвинители, двајца граѓански и четворица инспектори од Министерството за труд, заедно со петчлена стручна комисија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното