Турција и Германија имаат голем потенцијал во одбранбената индустрија и мора да се фокусираат на заеднички проекти, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Во светлината на променливите безбедносни услови во Европа, мора да ги оставиме зад себе проблемите во набавката на производи од одбранбената индустрија и да се фокусираме на заеднички проекти“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Анкара, објави Ројтерс.
На прашањето за затворската казна на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, Ердоган рече дека никој не може да „гази“ по законите без оглед на нивната позиција и додаде дека судството ги спроведува правните постапки по потреба.