Свет

Ерупција на вулкан во Јапонија, исфрли пепел во висина од шест километри

Ерупцијата на вулканот се случила утрово на островот Кутинораб, на југот на Јапонија, соопшти националната метеоролошка агенција. Засега нема податоци за жртви или било какви материјални штети.

Вулканот исфрли пепел во вистина од шест километри.

Вулканскиот остров Кутинораб се наоѓа во југозападниот дел на Јапонија.

Јапонија има повеќе од 100 вулкани кои се наоѓаат во Тихиот Океан, што се должи на честите земјотреси познати како Пацифичкиот прстен на Пацификот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни