Македонија

ЕСМ: Во тек еднодневни сервисно-ремонтни активности на Блок 1 на РЕК „Битола“

ЕСМ: Во тек еднодневни сервисно-ремонтни активности на Блок 1 на РЕК „Битола“

Застојот во производството од овој блок е предвидено да трае во наредните 24 часа, соопшти АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ).

Во меѓувреме, во функција останува Блокот 2 на комбинатот.

Од АД ЕСМ најавуваат дека постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.

– Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, наведува ЕСМ во соопштение.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни