Европската унија одобри нови санкции, кои вклучуваат отстранување на рускиот поморски сектор, некои функционери и олигарси и 3 белоруски банки од SWIFT, поради руските напади врз Украина.
Во објавата споделена на официјалниот профил на социјалните мрежи на мандатниот претседател на Европската унија (ЕУ) Франција, се вели дека новите санкции против Русија и Белорусија се одобрени на состанокот што го одржаа претставниците на земјите-членки на ЕУ и дека овие мерки ќе стапи на сила по објавувањето во Службениот весник на ЕУ.
Според новите санкции, имотот на некои руски функционери, олигарси и членови на семејствата кои имаа улога во рускиот напад врз Украина ќе бидат замрзнати. На овие луѓе ќе им биде забрането патување.
