ЕУ со план б за Брегзит, нова средба на лидерите на земјите членки во Брисел

Лидерите на земјите членки на Европската Унија ќе се сретнат утре на самит во Брисел за уште еднаш да ги проценат ситуацијата и напредокот околу преговорите за излегувањето на Британија од ЕУ.

Иако самитот е најавуван како „момент на вистината“ кој ѝ претходи на ноемвриската финализација на договорот за раздружување, од Брисел порачуваат дека сепак „не се таму каде што би сакале да бидат“. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во својот повик до ЕУ лидерите најави дека првата тема на дводневниот самит на ЕУ утре навечер ќе биде прашањето на брегзитот.

Планирано е првиот дел од вечерта да ѝ се посвети на презентацијата на британската премиерка Тереза Меј за тоа каква е моменталната позиција на Лондон во преговорите и за тоа како да продолжат.

Меј потоа би требало да го напушти Европскиот совет, оставајќи ги 27-те лидери ан земјите членки да разговараат за позициите на ЕУ во продолжувањето на преговорите, но и за опциите во случај да не се постигне договор за разидување со Британија во очекуваниот период.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното