Македонија

ЕУ утре ќе испорача шесте нови еколошки автобуси за потребите на Град Скопје

ЕУ утре ќе испорача шесте нови еколошки автобуси за потребите на Град Скопје

Европската Унија ги испорача шесте нови автобуси за потребите на Град Скопје во рамките на програмата „ЕУ за чист воздух“ финансирана од ЕУ, која е управувана од УНОПС, а ги опфаќа и Битола, Куманово и Тетово. Автобусите работат на компримиран природен гас (CNG) и го исполнуваат стандардот ЕУРО 6; намалените емисии на CO2 ќе придонесат за подобар квалитет на воздухот во главниот град.

Ова претставува значаен чекор во подигање на свеста за јаглеродниот отпечаток и обезбедување одржлива урбана мобилност. Засилениот возен парк на ЈСП е исто така во согласност со Зелениот договор на ЕУ и стандардите за квалитет на воздухот низ Европската унија, кои имаат за цел да го сведат загадувањето на нула до 2050 година и да помогнат во спречување на предвремени смртни случаи поради загадениот воздух.

Секој автобус е со капацитет од 98 патници (69 стоење + 29 седишта), вклучувајќи и за лицата со попреченост, со што дополнително се подобрува нивниот пристап до основните услуги и се обезбедуваат можности за пристапен јавен превоз и безбедна урбана мобилност.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни